Биното доби шанса да испише историја со Ферари

Досегашниот технички директор, 49-годишниот Матија Биното, го наследи Маурицио Аривабене на позицијата шеф на тимот од Формула 1, Скудерија Ферари.

По разочарувањето во 2018 година, кога Себастијан Фетел имаше ветувачки старт на сеозната, но серијата грешки го чинеше губење на титулата и доминација на Луис Хамилтон од ривалскиот Мерцедес, беше одлучено да биде заменет Аривабене, кој четири години беше на чело на тимот.

Сите технички лица во тимот во иднина ќе треба да му рапортираат директно на Биното. Од Биното се очекува да го врати Ферари на врвот. Тој е човек кој во последните години имаше голем придонес во подобрување на моторот на болидите на Ферари. За него беа заинтересирани и други тимови, па Ферари за да го задржи, му го понуди челното место.

Биното цел живот е во Ферари, повеќе од 20 години работи таму, докажан е, верен и сега е на позиција од која може да командува и да ги врати шампионските мигови на „црното коњче“. Навивачите на италијанскиот тим од 2007 година чекаат титула, од времето кога шеф беше Жан Тод. Претставувањето на болидот за 2019 е закажано за 15-ти февруари.

 

- Оглас -

Најнови вести