По 209 дена неприкосновеност на Арсенал, сега Манчестер сити е нов лидер во Премиер лигата (Видео)

Манчестер сити ја оствари зацртаната цел, а тоа е да освои три бода на гостувањето кај Барнли во меч од англиската Премиер лига. Ерлинг Халанд погоди во 5 минута и тој погодок на крајот се покажа како доволен за Граѓаните да ги освојат трите бода. Погодокот на Халанд може да го видите ТУКА.

Со овој триумф Сити се најде на чело на табелата, а Барнли по поразот веќе и теоретски ги „спакува куферите“ и испадна од Премиер лигата.

Неверојатни 209 денови Арсенал беше неприкосновен лидер на табелата во Премиер лигата, а сега Сити е на чело. Двата тима имаат по 70 бодови, двата тима имаат гол-разлика од плус 37, но Сити е лидер поради повеќето дадени погодоци.

Барнли остана на 20 бодови на претпоследното место и по Вулверхемптон, ова е вториот тим кој сигурно следната сезона нема да биде дел од Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести