Барселона поведе со 1:0 против Селта Виго благодарение на погодокот на Ламин Јамал од пенал, а потоа мечот неочекувано беше прекинат и засега не продолжува.
Каталонскиот гигант доминираше на теренот, но дури во финишот од првиот дел го скрши отпорот на госите кога Јамал беше фаулиран, а судијата досуди пенал.
Самиот Јамла реши да го шутира ударот од белата точка и погоди, но веднаш потоа наместо да прослави, тинејџерот падна на тревата покажувајќи дека има повреда. Јамал веднаш се повлече во соблекувалната и за него мечот заврши. Погодокот на Јамал може да го видите ТУКА.
Сепак, тука не беше крајот на драматичните моменти. Судијата доби знак дека на некој навивач на трибините му се слошило и средбата веднаш беше прекината. Веќе 10-тина минути трае прекинот и се чекаат позитивини информации за навивачот кој се бори за живот на трибините на „Камп Ноу“.

