Биното: Треба да поминат 4-5 трки, па да видиме дали Ферари е способен да се бори за титула

Големата „еден-два“ победа на пилотите на Ферари на стартот на новата сезона во Формула 1 шампионатот во Бахреин ги распали надежите на навивачите на италијанскиот тим дека црвените болиди конечно се способни да се борат за титула.

Шефот на Ферари, Матија Биното, даде свое мислење за шансите на Црното коњче да биде во битка за титулата.

„Имавме одлично натпреварување и ривалите беа добри. На крајот решаваа детали. Бевме добри на трката, но противниците имаа проблеми. Не заборавајте, се боревме со актуелниот првак Ферстапен од Ред Бул, кој  и понатаму е главен фаворит. Веќе в недела имаме трка во Џеда, каде што ќе имаме сосема поразлична слика. Треба да ги почекаме резултатите од првите 4-5 трки пред да се процени какви ни се шансите“, изјави Биното.

- Оглас -

Најнови вести