Бирмингемските ривали на реваншот ќе решаваат кој ќе оди на „Вембли“

Астон Вила е чекор поблиску до финалето во разигрувањето за влез во Премиерлигата, откако на „Вила парк“ го совлада градскиот ривал Вест Бромвич Албион со 2-1. Реваншот се игра на стадионот на ВБА. За ривалите од градот Бирмингем, ова беше 170-ти меѓусебен дуел.

Гостите поведоа со гол на Двајт Гејл во 16-та минута, кога ја искористи големата грешка на дефанзивецот Вилан. Откако малерозниот Вилан излезе од игра, Астон Вила даде два гола, во Аурихејн во 75-та и Абрахам од пенал во 79-та минута. Гејл кој можеше да биде јунак на ВБА, во финишот се претвори и во во трагичар, бидејќи доби црвен картон.

Во другото полувфинале, од 18.15 часот, Дерби каунти на тренерот Френк Лампард, ќе биде домаќин на Лидс, кај кој ќе го нема повредениот македонски репрезентативец Езџан Алиоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести