Бисерот на Англија треба да се држи до она што најдобро го знае (видео)

Букајо Сака, 19-годишниот англиски талент, блесна за Гордиот Албион во победата над Чешка во последното коло од групите на ЕП, по што беше прогласен за играч на натпреварот.

Пред осминафиналното дерби против Германија, англиските фудбалери покрај подготовките имаа време и за релаксација, а Сака откри дека голфот не треба да му биде меѓу хобијата со кои би се занимавал.

Со голф-палката во рака младиот играч на Арсенал делува како неизбрусан аматер, па соиграчите му препорачаа да се држи до она што најдобро го знае, а тоа е да игра фудбал.

 

- Оглас -

Најнови вести