Бисерот на Барселона сега вреди 400 милиони евра

Ансу Фати е играчот кој минатата сезона се појави на големата сцена и потврди дека Барселона уште има школа од која излегуваат големи таленти. Тинејџерот само со 16 години заигра во првиот тим на каталонскиот гигант и одлично ја искористи дадената шанса.

Напаѓачот се радуваше на неколку погодоци и одлично се вклопи во тимот. Токму затоа од Барселона решија да му го обноват договорот, а воедно и клубот да се заштити од евентуално заминување на талентот.

Во новиот договор стои дека Фати веќе е првотимец и дека веќе нема да биде повикуван во Б тимот, а со тоа и откупната клаузула му порасна. Наместо досегашните 170 милиони евра, доколку некој клуб сака да го купи, за Фати ќе треба да плати 400 милиони евра.

Фати во новата сезона ќе има и нов број на грбот. Наместо досегашниот број 31, младиот голгетер ќе го носи бројот 22, кој неколку сезони претходно му припаѓаше само на Артуро Видал.

- Оглас -

Најнови вести