Бисерот на Шкендија потпиша за Динамо Киев

Решат Рамадани, талентираниот 19-годишен фудбалер на Шкендија, од денеска и официјално е нов играч на украинскиот тим Динамо Киев. Трансферот го потврди украинскиот клуб со објава на социјалните мрежи.

Рамадани потпиша петгодишен договор со Динамо Киев.

Рамадани, кој игра во средниот ред, ги помина младинските категориии на Шкендија, за првиот тим дебитираше минатата сезона, а оваа одигра 15 натпревари .

- Оглас -

Најнови вести