Битка за Јунајтед, и големиот навивач на Црвените ѓаволи и најбогат Британец достави понуда за купување

Компанијата Инеос на британскиот милијардер Џим Ретклиф потврди дека доставила понуда за купување на Манчестер Јунајтед, ветувајќи дека повторно ќе ги направи Црвените ѓаволи најдобар тим на светот.

Инеос е вториот субјект кој достави понуда за купување на Манчестер јунајтед, прв беше катарскиот шеик Јасим бин Хамад Ал Тани.

„Можеме да потврдиме дека сер Џим Ретклиф и Инеос дадоа понуда за купување на мнозинскиот пакет акции на Манчестер Јунајтед. Амбициозни сме и многу конкурентни, а би сакале да инвестираме во Манчестер Јунајтед за клубот повторно да стане клуб број еден во светот“, стои во соопштението на Инеос.

Сер Џим Ретклиф е најбогат Британец чие богатство се проценува на 15 милијарди долари, е голем навивач на Манчестер јунајтед.

Тој минатата година неуспешно се обиде да го купи Челзи со понуда од 4,25 милијарди фунти.

Групацијата Инеос е сопственик на францускиот клуб Ница и швајцарскиот клуб Лозана.

- Оглас -

Најнови вести