Одбојкарската репрезентација го оствари најголемиот успех во својата историја, освојувајќи го златниот медал на Игрите во Токио по победата од 3-2 (25-23, 25-17, 21-25, 21-25, 15-12) во сетови над Рускиот олимписки комитет.
Првпат Триколорите играа финале во одбојка на една Олимпијада и веднаш се закитија со злато, додека Русите мора да се задоволат со сребрениот медал иако беа блиску до подвиг враќајќи се од два сета негатива. Денеска Французите славеа во две од три финалиња во тимски спортови, злато освоија и во ракомет, додека кошаркарското финале го загубија од САД.
Франција поведе со 2-0 во сетови пред Русите да анулираат со освојување на третиот и четвртиот сет со идентични 25-21. Во решавачкиот, се играше егал до 11-11, па француските одбојкари освоија четири од последните пет поени за големата победа.