Битката на Манчестер ја доби Сити, шампионот пак е лидер во Премиер лигата (Видео)

Манчестер сити ја доби големата битка со Манчестер јунајтед, победи со 2-0 и се врати на врвот на Премиер лигата. Бернардо Силва и Лерој Сане со по еден погодок во второто полувреме донесоа одлука во градското дерби, а Сити ја мина веројатно и најголемата пречка на патот кон одбрана на титулата во Англија.

https://www.youtube.com/watch?v=InSLp_hshxg

Шампионот пак е лидер со 89 бода, еден повеќе од Ливерпул на три кола до крајот на шампионатот, а сега и нема противник од топ 6 екипите до крајот на Премиер лигата.

Манчестер јунајтед со овој пораз си ги намали шансите да игра во Лигата на шампионите следнат сезона, а надеж сепак му дава поразот на Арсенал вечерва од Вулверхемптон.

Волците лесно славеа со 3-1 и го оставија Арсенал на петтата позиција, која не води во ЛШ. Зад нив е Јунајтед, а пред нив се Тотенхем и Челзи во битката за две места кои гарантираа учество во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести