Битолчани го слават поразот на Вардар во Кавадарци и упатија порака до Црвено-црните

Кавадарци станува незгодно место за гостување на Вардар во ракометното првенство. Тиквеш вечерва славеше над Црвено-црните од Скопје со 22:20 во меч од третото коло во Суперлигата, за голема радост на фановите во салата „Јасмин.

Ова е второ гостување по ред на кое Вардар не може да победи против Тиквеш, откако минатата сезона одигра нерешено (32:32) и токму тој кикс значеше многу во трката за титулата која на крајот замина во Битола кај Пелистер.

Битолчани и вечерва се радуваат на победата на Тиквеш, упатувајќи честитки на адреса на кавадарчани. „Браво Кавадарци, браво Лозари, браво Тиквеш, честито победа!“, а потоа го „закачнаа“ и најголемиот ривал порачувајќи му „Вардар ни во Кавадарци не врви !“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести