Битолчани им се вратија на старите навики, пак пораз од еден гол разлика

Еурофарм Работник загуби од ППД Загреб со 27-28, што за битолчани е петти пораз по ред во регионалната СЕХА-лига. Веројатно не постои друг тим во светот на ракометот кој сезонава загуби толку многу натпревари со еден гол-разлика како еден од двата македонски претставници во ЛШ и СЕХА.

Вечерва во „Боро Чурлески“ во Битола гостите го добија првото полувреме со 16-12, а македонскиот тим иако се доближуваше во повеќе наврати на еден гол негатива, не успеваше да изедначи. Клучниот гол го постигна Храстник, кој погоди за 28-26, а во последниот напад Еурофарм само го ублажи поразот.

Остроушко со 7 и Ѓукиќ со 5 голови беа најефикасни во редовите на битолчани, а Хорват кај Загреб имаше 10 гола од 10 обиди, од кои шест му беа од седум метри.

- Оглас -

Најнови вести