Битолчани негодуваат: РФМ повторно одбра театар наместо вистински бараж-натпревар

Ракометната репрезентација на Македонија реваншот од бараж-натпреварот за пласман на СП 2025 против Фарски Острови ќе го игра во Скопје, одлучи Федерацијата уште на денот кога го дозна противникот.

Битолчани негодуваат зошто бараж-натпреварите секогаш се играат во Скопје, во СЦ „Борис Трајковски“, и порачуваат дека РФМ за дуелот со Фарски Острови избра театар наместо вистински бараж-натпревар пред преполни трибини во Битола.

„РФМ повторно го избра Скопје за домаќин за натпреварот против Фарски Острови, во кој Македонија ќе брка пласман за СП 2025! Повтроно РФМ одбра ТЕАТАР место вистински бараж-натпревар, пред преполни трибини во Битола и атмосфера каква што нема на друго место. Тоа го знае цела Македонија, најдобро го почуствува Турција, а во таква атмосфера ретко кој поминал малку подобро од Турција.

Дали РФМ е при очи слепа и при уши глува? Господине Муакетов, зарем повторно наместо поддршка, ракометарите треба да бидат како на театар? Зарем Битола не заслужува? Ја знаете атмосферата во Битола и вие и селекторот, добро знаете каде е тешко или невозможно да се победи, а тоа е БИТОЛА!, порачуваат битолчани.

 

- Оглас -

Најнови вести