Македонските навивачи денешниот слободен ден на првенството го искористија за прошетка низ убавиот Краков, некои беа и во рудникот за сол кој е светска атракција, но не заборавија на Василица да ја испочитуваат православната традиција и да кршат лепче со паричка.
На битолските љубители на ракометот кои се секаде каде што настапува националниот тим на големи натпреварувања, не им е првпат на овој празник да се во странство, па и годинава ја продолжија традицијата.
Паричката се паднала кај Господ, и навивачите веруваат дека тоа е добар знак, и оти Господ утре ќе им помогне на ракометарите да ја победат Холандија.