Битолските фанови задоволни: Кузмановски официјално се врати во Еурофарм Пелистер

Нов член на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер е македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски.

„Процесот на обединување на македонските репрезентативци и квалитетни странски засилувања продолжува и враќањето на нашиот поранешен член е одлука која оди во тој правец. Кузмановски е дете на Пелистер, доби афирмација во нашиот дрес.
Тој наскоро ќе му се стави на располагање на стручниот штаб и неговото деби се очекува деновите во Суперлигата и Лигата на шампионите. Официјалното претставување на Кузмановски како нов ракометар на Еурофарм Пелистер е закажано за во понеделник, 20 ноември“, објавија од клубот.

Освен за Пелистер, Кузмановски има играно и за Металург, Еурофарм Работник, Магдебург, Хановер и Вецлар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести