Бизарен инцидент во Бостон – Од радост за гол за малку ќе имаше трагедија во НХЛ (Видео)

Бостон бруинс ја победи Каролина хјурикенс со 4:2 и намали на 1:2 во првото плејоф коло во НХЛ лигата, на меч на кој имаше бизарен инцидент.

По голот на Пастрнак за 3:1, домашните навивачи во „ТД Гарден“ на стандарден начин со удирање во заштитните стаклени панели го прославуваа погодокот, а дел од стаклото падна врз координаторот за тајмаути, Џо Фоли.

Фоли лежеше на земја со стаклениот панел врз него, но за среќа не беше потешко повреден. По укажаната медицинска помош беше изнесен на носилки, а мечот продолжи и заврши со прва победа на Бостон.

На останатите три меча што се играа ноќеска, гостинските екипи доминираа и ги декласираа ривалите за предност од 2:1 во плејоф сериите од првото коло.

Торонто го декласира актуелниот првак Тампа беј со 5:2 во серија во која екипите што победуваа досега даваа по пет гола.

Минесота го прегази шампионот од 2019 година, Сент Луис со 5:1, а најубедлив беше тимот на Едмонтон ојлерс, кој ги декласира Лос Анџелес кингс со 8:2.

 

- Оглас -

Најнови вести