Бизарната страна на НБА: Двајца членови на Никс играа со исти броеви (фото)

Њујорк никс продолжува со очајните настапи во НБА лигата и ноќеска го претрпе вториот дебакл во само три дена по поразот од Филаделфија на домашен терен со 89:109.

Колку Никси се очајни покажува и киксот во изработката на дресовите за овој натпревар. Имено, двајца кошаркари на Њујорк носеа исти броеви на грбот од дресовите. Реџи Булок и Мичел Робинсон беа двете „23-ки“ на Никс, иако на Булок на предниот дел од дресот му стои бројот 25.

Се чини дека и двајцата сонуваат да бидат успешни како најдобрата „23-ка“, Мајкл Џордан.

- Оглас -

Најнови вести