Бизарно: Навивачите на Индија го славеа поразот со противничките фудбалери (Видео)

Репрезентацијата на Индија, која од клупата е предводена од хрватскиот тренер, Игор Штимац, неочекувано загуби на домашен терен од Авганистан со 1-2 во азиските квалификации за Светското првенство.

Индија имаше водство по првото полувреме, но гостите направија комплетен пресврт, а Авганистан на овој натпревар настапи со својот трет состав бидејќи дури 20-тина фудбалери се во штрајк против работата на Фудбалскиот сојуз. Колку за илустрација, стрелецот на победничкиот гол за Авганистан, Мукамад, нема клуб од минатото лето.

Авганистанците се на 158-мото место на ФИФА ранг-листата, додека Индија е 117-та, па домашните навивачи во знак на протест за лошите резултати, по натпреварот заедно со фудбалерите на Авганистан ја славеа победата.

- Оглас -

Најнови вести