Бизарно: Откажан е котролниот натпревар меѓу Црна Гора и Србија бидејќи нема каде да се игра!

Котролниот натпревар што требаше да се игра на петти август во Подгорица меѓу кошаркарските репрезентациите на Црна Гора и Србија е откажан поради бизарна причина. „Вијести“ пишува дека натпреварот е откажан бидејќи нема каде да се игра.

Најголемата сала во Црна Гора, „Морача“ е зафатена бидејќи во ток термин ќе бифе домаќин на женското Европско кадетско првенство во ракомет, додека „Бемак арената“ се реновира. Останатите сали во Подгорица не се подгодни за одигрување на меѓународен натревар макар тој бил од пријателски карактер.

Кошаркарската федерација на Црна Гора предложила натпреварот да се одигра во Бар, но Србите го одбиле предлогот.

Сега и двете репрезентации ќе имаат една проверка помалку пред настапот на Светското првенство кое од 25 август до 10 септември ќе се одржи во Јапонија, Филипини и Индонезија.

- Оглас -

Најнови вести