Бизарно: Првиот меч во Серија А ќе се игра во еден од градовите во коишто имаше најмногу жртви

Италијанската Серија А ќе се реактивира на 19 јуни со натпревар помеѓу Аталанта и Сасуоло. Судбината си поигра, па решено е првиот меч по паузата да биде во Бергамо, еден од градовите кои беа најпогодени и со најмногу смртни случаи од корона-вирусот во Италија.

Аталанта со Валенсија во ЛШ играше со публика во Милано и тој меч се смета за еден од изворите на зараза во северниот дел на Италија, но заостанатите мечеви од 25-тото коло мора да се доиграат, па Аталанта ќе го пречека Сасуоло, овојпат без публика. Сасуоло ја победи Бреша во последниот меч кој се одигра во Италија на 9 март. Тогаш Капуто беше двоен стрелец и по едниот гол, истакна порака на која пишуваше: „Сè ќе биде добро, останете дома!“

Пред да почне продолжувањето на Серија, ќе се игра Купот, финалето е на 17 јуни, а на 13 и 14 се реваншите од полуфиналето. По Аталанта – Сасуоло на 19-ти, наредниот ден ќе се играат уште три првенствени средби, сите во северниот дел на Италија: Интер – Сампдорија, Верона – Калјари и Торино – Парма.

- Оглас -

Најнови вести