Бизарно: Сите играчи на теренот ги чекаат судиите, но мечот не почна

Мечот од еквадорското првенство меѓу Текника и Манта не се одигра, откако немаше судии да ја делат правдата. Фудбалерите на двата тима беа на теренот, се загреваа, а потоа во предвиденото време се појавија на центарот, но средбата не започна.

Судиите кои требало да судат, одлучиле да не допатуваат затоа што не им било гарантирано дека ќе ги добијат дневниците. Гол ТВ е спонзор на лигата, но тој не ги исполнил своите обврски кон клубовите, па клубовите не можат на судиите да гарантираат исплата на судиските трошоци.

 

- Оглас -

Најнови вести