Мајкл Бизли е на прагот да потпише со кинескиот клуб Гуандонг, како што пренесува добро упатениот новинар на „ЕСПН“, Андријан Војнаровски. Тој се согласил на договор од два месеца, ќе заработи огромна сума, но засега не е потенцирано колкава ќе биде нековата плата.
Бизли остана без клуб откако ЛА клиперс му врачи отказ само два дена откако го трејдуваа од редовите на градскиот ривал Лејкерс. Триесетгодишниот крилен играч по вторпат ќе игра на далечниот Исток, откако претходно настапуваше за Шангај шаркс и Шандонг голден старс во периодот од 2014 до 2016 година.
Бизли беше избран како втор пик на драфтот во 2008 година од страна на Мајами хит, а во кариерата ги носеше дресовите на Минесота, Њујорк, Феникс, Хјустон, Милвоки, како и веќе споменатите Лејкерс.