Бјелица: Добивме шлаканица во П’лзењ, утре на играчите не им треба ниту тренер

Тренерот на Динамо Загреб, Ненад Бјелица, вели дека играчите се екстра мотивирани и дека утре не им треба дури ниту кормилар за да го елиминираат П’лзењ.

„Ја научивме лекцијата од првиот меч, кога дозволивме пресврт во второто полувреме. Мислам дека фудбалерите се свесни за големата шанса да го елиминираме П’лзењ и утре нема да им треба дури ниту тренер. Очекувам да одиграат како што знаат и да забележиме успех“, вели Бјелица.

Динамо поведе со голот на Олмо во П’лзењ, но потоа Лудек Перница со два гола во второто полувреме направи пресврт и му донесе победа на чешкиот тим.

Утре Аријан Адеми повторно ќе го предводи Динамо како капитен, во првиот двомеч во нокаут-фаза во Европа по цели 50 години.

Битката е за пласман во осминафиналето во Лигата на Европа, а реваншот на „Максимир“ почнува во 18.55 часот.

- Оглас -

Најнови вести