Бјелица погоди тројка со звукот на сирената за победа на Сакраменто во Хјустон (Видео)

Сакраменто славеше против Хјустон со 119:118 во најнеизвесниот меч одигран утрово во НБА -лигата. За Кралевите ова е 10-та победа сезонава, а херојот е Немања Бјелица, кој погоди тројка со звукот на сирената. Во текот на целиот меч беше неизвесно, а Сакраменто го имаше последниот напад при водство на домаќините од 118:116.

Бјелица прифати да го решава мечот и успеа да погоди тројка буквално во последната секунда за голема радост на гостите. На крајот тој заврши со 17 поени, пет скока и четири асистенции. Кај Хјустон најефикасен беше Вестбрук со 34 поени, а 27 поени постигна Харден.

https://twitter.com/NBA/status/1204243593126395904

Во останатите мечеви кои се играат во НБА: Индијана – ЛА клиперс 99:110, Бостон – Кливленд 110:88, Чикаго – Торонто 92:93, Милвоки – Орландо 110:101, Њу Орлеанс – Детроит 103:105, Феникс – Минесота 125:109, Јута – Оклахома 90:104, Голден стејт – Мемфис 102:110.

 

- Оглас -

Најнови вести