Бjелса еднаш плачел од тага после натпревар и тоа меч кој не го загубил

Марсело Бјелса е еден од најдобрите и најхаризматични фудбалски стручњаци во светот, а освен со знаењето и начинот на работа и мотивација на екипите кои ги води, привлекува внимание со карактерот. За него доволно е да се каже дека прекарот му е „Локо“ (лудак).

Најголемо разочарување во кариерата му бил дебаклот на Светското првенство во 2002 година. Тогаш на Мундијалот во Јужна Кореја и Јапонија, Бјелса ја водеше Аргентина која имаше силен состав, но Гаучосите испаднаа уште во групната фаза, после еден нерешен резултат со Шведска.

Познавајќи го карактерот на Бјелса, сите очекувале после мечот тој да грми на состанок во соблекувалната, но се случило спротивното. Не можел да зборува, се повлекол на страна и почнал да плаче. Ова го откри тогашниот резервен голман Герман Бургос.

На тоа СП во 2002 година, Аргентина тргна со победа над Нигерија, но потоа загуби од Англија, а во решавачкиот меч играа 1-1 против Шведска. Тогаш во тимот на Биелса беа ѕвезди како Занети, Симеоне, Верон, Ортега, Батистута, Аимар…

- Оглас -

Најнови вести