Блатер додава масло на оган: Сум гледал како УЕФА мести ждрепки!

Некогашниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, уште пред пет години тврдеше дека е можно да се намести ждрепка, само треба да се стоплат или оладат топчињата, а тој рече и дека гледал како УЕФА по своја желба одредува кој со кого ќе се падне при некое извлекување.

Фудбалскиот свет е на нозе по вчерашниот кикс на УЕФА, кога беше извлечен пар кој не можеше да игра еден против друг бидејќи беа во иста група. Потоа топчето со името на Манчестер јунајтед беше заборавено кога требаше да се додели противник на Атлетико, па ждрепката беше повторена од почеток и имаше сосема други парови за осминафиналето од Лигата на шампионите.

Од УЕФА се вадеа дека станува збор за софтверска грешка. И натаму се водат полемики, а Блатер уште во 2016 година тврдеше дека УЕФА мести.

„Потребно е некако да се означат топчињата. На пример, да ги загреете или пак да ги оладите во фрижидер. Тоа е едноставна техника да одредите кои топчиња се ладни, а кои топли. Такво нешто немаше на ждрепките на ФИФА, но на европско ниво сум присуствувал на наместена ждрепка“, изјави Блатер уште пред пет години.

- Оглас -

Најнови вести