Блатер сакал Меси да ја добие Златната топка, но потоа се јавил Флорентино Перес и победник беше Роналдо

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, откри необична работа која се случила непосредно пред доделувањето на наградата Златна топка во 2013 година. Блатер вели дека таа година негов фаворит бил Лионел Меси и тоа јавно го соопштил, а веднаш стигнала реакција од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес.

„Пред доделувањето на Златната топка, реков дека мој фаворит е Лионел Меси. Веднаш потоа ми се јави Флорентино Перес и побара да ја повлечам таа изјава. Му реков дека секој има право на избор, а Меси беше мојот избор за таа година. Тогаш Перес ме потсети дека сум почесен член на Реал Мадрид и дека тој како претседател на Реал нема да дозволи такви изјави. Непосредно потоа, Златната топка ја доби Кристијано Роналдо“, откри Блатер.

Швајцарецот кој беше на чело на ФИФА беше исфрлен од светската федерација откако беше докажано дека учествувал во корупција и добил мито за Катар да биде домаќин на Светското првенство во 2022 година.

 

- Оглас -

Најнови вести