Блазе си му на Салах, може да бира за кого би играл на Ел Класико

Мохамед Салах постојано е во конекција со гигантите на европскиот фудбал и јасна е желбата на неколку големи клубови за ангжман на еден од најдобрите фудбалери на денешницата.

Интерес постои и од Реал Мадрид и од Барселона, а Салах се уште не одлучил дали ќе го напушти Ливерпул и кој од двата шпански гиганти евентуално би бил неговиот избор.

„Реал Мадрид и Барселона се топ клубови. Кој знае што ќе се случи во иднина. Засега сум фокусиран на Ливерпул и на битката да ја одбраниме титулата во Премиерлигата и да се обидеме да го вратиме пехарот од Лигата на шампионите на Енфилд Роуд“, изјави Салах за шпански „АС“.

Очекувано го прашаа и за Жозе Мурињо, кој му беше тренер во Челзи, а сега со Тотенхем е еден од главните ривали на Ливерпул за титулата во Англија.

„Ми беше тренер и имам одлично искуство со Мурињо,. Тој е голем стратег, кој има добра визија за фудбалската игра. Им помогна на многу фудбалери да бидат подобри и верувам дека и сега е така во Тотенхем. Тие се сега втори на табелата, имаат добар тим и одличен тренер, па ќе бидат опасни конкуренти за титулата“, додаде Салах.

Репрезентативецот на Египет има 28 години и важечки договор со Ливерпул до 2023 година.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести