Бледата Македонија поразена од единствениот шут на Црна Гора кон нашиот гол (Видео)

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби минимално со 1-0 од селекцијата на Црна Гора во контролниот дуел кој се одигра во турскиот туристички центар, Анталија. Нашите фудбалери беа подобар противник во првиот дел и поблиску до голот на противникот, но црногорците од првиот, воедно и единствениот шут, во 45-тата минута преку Јоветиќ дојдоа во водство, а на крајот и до победата.

Во второто полувреме се играше генерално на средината на теренот и со многу грешки на двете страни, без некоја посериозна шанса за гол. Двајцата селектори направија по шест измени, па и ритамот во вториот дел беше на многу ниско ниво, иако поседот на топката беше во наза полза од 56% наспроти 44% за Црна Гора.

Репрезентацијата на Македонија следните активности ќе ги има во месец јуни, кога ќе се одиграат два пријателски натревари против Хрватска и Чешка на гостински терен, а во септември започнува новото издание на Лигата на нации.

- Оглас -

Најнови вести