Бледсо се врати во тимот со којшто ја почна авантурата во НБА, Мемфис ги доби Рондо и Беверли

Ерик Бледсо се врати во тимот во којшто ја почна НБА-кариерата, и тоа во размена три за еден, па повторно ќе игра за Лос Анџелес клиперс. Бекот кој има 31 година си замина од Мемфис гризлис, а таму од оваа сезона ќе играат Ражон Рондо, Патрик Беверли и Даниел Отуру.

Бледсо беше драфтуван од Оклахома сити тандер во 2010 година како 18-ти пик и веднаш беше испратен во Лос Анџелес клиперс, каде што ја почна професионалната кариера.

Лани си замина од Милвоки бакс и немаше среќа да се закити со титулата во НБА-лигата што Елените ја освоија во последното издание на најсилната лига на светот.

Рондо е единствениот кошаркар во размената меѓу Клиперс и Гризлис што освојувал титула во НБА, а има два прстени, по еден со Бостон селтикс и Лос Анџелес лејкерс, двата најтрофејни клуба во лигата.

Беверли исто така е познато име во НБА, се работи за еден од најдобрите дефанзивци во Лигата, а Отуру е дебитант во Лигата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести