Блеф на Флорентино Перес или фановите на Реал ќе треба да се помират со судбината?

Реал Мадрид не планира да носи нови играчи летово, откако во текот на наредните денови ќе се официјализира доведувањето на напаѓачот Хоселу од Еспањол и тоа на позајмица.

Реал летово во офанзивната линија остана без Бензема, Азар, Маријано Дијаз и Асенсио, па фановите очекуваа четири квалитетни принови, но наместо тоа, донесен е само Брахим Дијаз кој беше позајмен во Милан, а ќе се врати и Хоселу кој во минатото беше член на Кралскиот клуб. Желбите беа тој да биде резервен напаѓач, но како што стојат работите, клубот нема намера да купи друга поквалитетна деветка.

„Ќе дојде ли Хоселу?“ – праша навивачот кој чекаше автограм од Перес. „Да, следната недела“ – одговори Флорентино.

Потоа навивачот праша „Ќе има ли и други засилувања“, а одговорот беше „Не“.

Ако ова е вистина, тогаш Реал во шпицот ќе остане само со Хоселу, веројатниот младиот Алваро Родригес, а и Бразилецот Родриго ќе се користи како најистурен во нападот.

- Оглас -

Најнови вести