Фоларин Балоган е 21-годишен фудбалер кој е дел од Арсенал. Сепак, сезонава тој нема одиграно ниту една секунда во дресот на Топчиите, а има блескава сезона. Балоган беше даден на позајмица во Ремс и игра одлично, па дури е и во конкуренција за најдобар стрелец во Лига 1.
Членот на младата репрезентација на Англија сезонава во првенството на Франција има постигнато 18 гола, само еден помалку од Килијан Мбапе, кој моментално е најдобар стрелец во првенството. Иако има одлична сезона, Балоган тешко дека ќе добие шанса да заигра за Арсенал.
Во тимот на Топчиите, прва опција во нападот се Габриел Жезус и Еди Нкетија, а двајцата имаа договор до 2027 година, што значи дека англискиот клуб долгорочно смета на овие двајца офанзивци.
Балоган со оваа форма сигурно нема да сака да се врати во лондонскиот тим за да биде резерва, па многу е веројатно дека Арсенал ќе мора да го продаде на крајот од сезонава. Најавите се дека за овој талентиран напаѓач интерес досега покажале Милан, Интер, Марсеј, Монако и Лајпциг, а цената на Балоган се проценува на 26,5 милиони фунти.

