Блескави комплименти за Македонецот: Тричко е фудбалски мит (Видео)

Тричко е фудбалски мит во Кипар, а новиот покер голови, втор сезонава за македонскиот репрезентативец и буквално со многу комплименти го опеаја тамошните медиуми.

„Тричко е мит, а неговите фудбалски претстави сезонава се незаборавни“, пишува „24 Спорт“. И навистина подвигот на капитенот на АЕК Ларнака е нестварен, бидејќи постигна четири гола за нешто повеќе од половина час во второто полувреме.

Почна да ја тресе мрежата на некогашниот соиграч од македонската репрезентација Мартин Богатинов во 58. минута, а потоа беше прецизен уште трипати за голем пресврт од 0:2 до 5:2 против Ахна на гостински терен.

Тричковски постигна 4 гола и во меч од квалификациите за Европа Лигата против Левски во Софија на први август лани.

Погледнете ги сите голови на мечот, со напомена дека стрелец на првиот гол за поразениот тим беше нашиот интернационалец Јован Костовски, кој игра за Ахна.

- Оглас -

Најнови вести