Блесна против Рома, па си обезбеди трансфер на „Олимпико“

Крилниот офанзивец на Бодо/Глимт, Ола Солбакен, се очекува да биде третото засилување на Рома во овој преоден рок, по Немања Матиќ и Миле Свилар.

На 23-годишното норвешко крило му останаа само уште шест месеци од договорот со Бодо, па управата врши напори да го продаде Солбакен на Волчицата за профит, односно да не си замине без отштета во јануарскиот трансфер-прозорец. Сумата која е понудена до Бодо засега е непозната, но се верува дека е симболична согласно ситуацијата на Солбакен.

Инаку како прва ѕвезда на норвешкиот тим, Солбакен блесна токму против Рома во Лигата на конференции, во демолирањето од 6-1 во кое постигна два гола, а беше стрелец и во ремито од 2-2 на „Олимпико“ во мечевите од групната фаза.

Се чини дека остави добар впечаток кај Жозе Мурињо и сега се наоѓа пред голем чекор во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести