Себастијан Халер е играчот кој дефинитивно стави свој белег на минатата сезона во Лигата на шампиони. Напаѓачот на Ајакс блесна и во осум натпревари во елитната лига на Европа постигна дури 11 погодоци, па веднаш го сврте фокусот на моќните клубови.
Халер во Ајакс дојде во јануари 2021 година за сума од 23 милиони евра од Вест хем, а за една и пол сезона во 66 меча постигна 47 погодоци. Германските медиуми пред неколку недели пишуваат дека токму Халер треба да биде замена за Роберт Левандовски, но многу веројатно дека тоа нема да се случи.
Борусија Дортмунд е тимот кој најверојатно ќе биде новата дестинација на Халер и се очекува да се случи трансфер вреден 33 милиони евра, плус бонусите. Договорот треба да биде потпишан на пет години, а голгетерот веќе ги договорил личните услови со Милионерите.
Халер е роден во Франција, ги помина сите младински репрезентации на Галските петли, одигра дури 20 меча за У21 селекцијата, но никогаш не дебитираше за првиот тим, па се реши во 2020 година да ја прифати понудата и да го облече репрезентативниот дрес на Брегот на Слоновата коска, земјата од која потекнува неговата мајка.