Блесок на Гриезман во дебито на „Камп ноу“, Барса и Бетис одиграа 7+ (видео)

Барселона го најде „лекот“ како да го прероди поразот од Атлетик Билбао во премиерното коло. Каталонците гневот го истурија врз Бетис во победата од 5-2 речиси пред 80.000 навивачи на „Камп ноу“, кои посведочија на одличното издание на Антоан Гриезман.

Новата ѕвезда на Барса на своето деби пред домашните навивачи запиша два погодоци и асистенција, а воедно беше најголемиот виновник за целосниот пресврт. Откако гостите изненадија преку Фекир во воведните дваесетина минути од мечот, Гриезман се разбуди пред финишот на првиот дел израмнувајќи на 1-1, а по самото враќање на теренот, Французинот уште еднаш ја израдува публиката.

Барселона во налет поведе и со убедливи 4-1, по головите на Перес и Алба до 60-тата минута. Гриезман се запиша и како асистент при додавањето до Видал за 5-1, а како шлаг на тортата во возбудливата голеада, е мајсторијата на Лорен.

https://twitter.com/GoalsTV3_PL/status/1165727623718342657

- Оглас -

Најнови вести