Блиц-криг на Динамо во Минхен, Баерн кратко беше во шок (Видео)

Измената на полувреме со која Мануел Нојер беше повлечен поради повреда и на негово место на голот застана Свен Улрајх како да ги осоколи фудбалерите на Динамо Загреб похрабро да тргнат кон противничкиот гол, па успеаја да го шокираат фаворитот со два брзи гола со кои намалија на 2-3.

Голот на Јапонецот Огивара во 50-тата минута погледнете го ТУКА. Динамо имаше шанса и за 3-3, но Пјаца не ја реализира. Ова ги освести домаќините кои набрзина постигнаа уште два гола и сега Баерн води со 5-2.

Гол конечно падна и во Мадрид, во првата акција на Реал во второто полувреме, Килијан Мбапе погоди за водство на европскиот првак и ова е прв гол за Французинот во ЛШ во дресот на Кралскиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести