Блок-билетите за ракометниот фајнал фор ќе чинат 18.300 денари

Од денеска сите заинтересирани кои сакаат да го бодрат Вардар на финалниот турнир од ракометната Лига на шампиони во Келн билетите можат да ги купат онлајн и во фан-шопот што се наоѓа во СЦ „Јане Сандански” во Скопје.

Сите блок-билети што се наменети за навивачите на Вардар се во сектор 218 во „Ланксес арената“. Цената на блок-билетите чини 18.300 денари. Во оваа цена е вклучен само билетот за натпреварите (полуфинале и финален ден).

Покрај во фаншопот, билети за Ф4 турнирот се пуштени во продажба и онлајн преку http://vardarfanshop.com/index.php?route=product/product&path=59&product…

Битката за титулата во ЛШ ќе се игра на 1 и 2 јуни во Келн. Во полуфиналето, Вардар се среќава со Барселона од 18 часот.

Информации може да се добијат и преку електронската пошта contact@rkvardar.com и на телефонот +389 70 323 952.

- Оглас -

Најнови вести