Блокада на сезоната во НБА (Видео)

Залепи му „банана“ на Леброн Џејмс и стани ѕвезда. Ова му се случи на центарот Џерет Ален од Бруклин нетс. Статистичарите пресметаа дека ова е само деветти пат Џејмс да биде понижен и изблокиран при обид за забивање, а имал 1.850 такви обиди.

Овој момент за историја се случи во втората минута при гостувањето на Лос Анџелес лејкерс во „Барклејс центарот“. Џејмс силно тргна кон кошот на противникот со намера атрактивно да ја заврши акцијата, но пред него се испречи Ален, кој ја игра втората сезона во НБА. Дуелот „еден на еден“ му припадна на Ален.

На Нетс сè им оди од рака во овој период, имаат шест победи по ред, што е најдолга актуелна низа во Лигата, а сега може да се пофалат и со блокадата на сезоната во изведба на младиот Ален.

„Тој е многу помлад од мене. Ми треба многу повеќе време додека се загреам“, изјави ветеранот Џејмс, кој средбата ја заврши со 36 поени и 13 скока.

Ален е осми играч кој го изблокира Леброн при обид за забивање. Единствен кому тоа му успеало двапати е Амаре Стадемаер.

- Оглас -

Најнови вести