Познати се групите за Регионалната лига, стартот е закажан за 23 август

Регионалната ракометна лига во машка конкуренција својот старт ќе го има на 23 август и ќе трае се до февруари, а потоа ќе биде одигран и завршниот турнир на најдобрите четири екипи.

Во првата сезона од новото натпреварување ќе учествуваат 10 екипи, по четири од Македонија и Србија, како и две од Црна Гора. Веќе е познато дека екипите ќе бидат поделени во две групи од по пет екипи, а секоја од нив ќе одигра по осум меча.

Во групата „А“ се екипите на Вардар, Охрид, Војводина, Динамо Панчево и Будва. Во групата „Б“ ќе разигруваат Еурофарм Пелистер, Алкалоид, Партизан, Дубочица и Ловќен. Најдобрите две екипи од двете групи ќе обезбедат пласман на завршниот турнир.

Она што е интересно, натпреварите на екипите кои се од иста земја ќе се сметаат и за домашното првенство и за Регионалната лига.

- Оглас -

Најнови вести