Блокада за победа на која и големиот Бил Расел може да позавиди (видео)

Рокетси ја продолжија победничката низа на осум меча со минималниот триумф од 93:94 во тексашкото дерби против Далас маверикс. Неизвесната битка мораше да се одлучува во последните моменти, а откако Харден не успеа да го реши мечот, домаќините имаа 10 секунди за напад во кои можеа да стигнат до израмнување или пак да се обидат да победат со звукот на сирената.

Дончиќ ја имаше топката, но не ја зеде таа одговорност и таа задача му ја даде на Брансон, а овој не изгради доволно простор за шут, односно Пол добро го затвори и го блокираше на четири стотинки пред финишот.

Со тоа Хјустон го задржа победничкиот ритам, а Далас го претрпе петтиот последователен пораз, односно 10-ти во последните 11 натпревари.

https://twitter.com/HoustonRockets/status/1104916183902445570

- Оглас -

Најнови вести