Бобан Николов и Шериф му покажаа на Шахтар кој е главен во Тираспол

Шериф Тираспол кој првпат игра во Лигата на шампионите и во составот има само играчи кои до еден се дебитанти во елитното клупско натпреварување, извојува голема победа од 2-0 против Шахтар, и стана првиот дебитантски клуб после Лестер од 2016 година, кој победил на својот прв меч во ЛШ.

Македонецот Бобан Николов влезе во игра во 85-та минута, кога Шериф веќе водеше со 2-0 со головите на Африканците Траоре и Јансане, а двоен асистент беше Кристијано.

Во Истанбул, Борусија Дортмунд го надигра Бешикташ со 2-1, а германскиот тим двата гола ги даде во првото полувреме. Белингам со 18 години и 78 дена, стана третиот најмлад фудбалер кој постигнал два гола во ЛШ, а Халанд продолжи да гази во ЛШ, и има дури 21 гол на 17 меча во ова натпреварување. Ниту еден друг играч во историјата, не стигнал до бројка од 21 гол во ЛШ на помалку од 27 средби.

- Оглас -

Најнови вести