Бобан Николов утре ќе потпише, ама не за Вардар

Македонскиот интернационалец Бобан Николов, постигнал договор со босанскиот првак Борац Бања Лука и утре треба да потпише, со што би станал тимски колега со голманот Дамјан Шишковски.

Николов минатата сезона ја мина во унгарскиот клуб Кишварда. Неодамна имаше информации дека се враќа во Вардар, но од тоа нема да има ништо.

Борац е тим кој ќе игра во Конференциската лига, па искусниот Николов реши да остане во странство.

- Оглас -

Најнови вести