Бодирога возел во Нов Белград со 174 км./ч., може да добие и затворска казна!

Српската кошаркарска легенда Дејан Бодирога, кој се смета за еден од најдобрите во историјата што никогаш не заиграа во НБА-лигата, има проблем со законот во родната земја и му се заканува дури и затворска казна откако полицијата го фатила како вози кон влезот на Белград во подрачјето на Нов Белград со 174 километри на час, и тоа на место каде што максималната дозволена брзина е 80 км/ч.

Бодирога со своето „масерати“ претерал, ова се случило осум минути по полноќ. Според законот, 47-годишниот Бодирога може да добие парична казна за казнените поени, плус одземање на возачката дозвола во рок од осум месеци, дури и 15 дена затвор.

 

- Оглас -

Најнови вести