Бодри ја Македонија за „пеевче“

Македонската фудбалска репрезентација во октомври ќе продолжи со обврските во квалификациите за Европското првенство 2020 година. Првиот натпревар Македонија ќе го игра на арената „Тодор Проески“, кој е закажан на 10 октомври, а ни гостува селекцијата на Словенија.

Од денес во продажба се пуштени влезниците за тој натпревар, а цените варираат од 50 до 200 денари. Најевтините билети се наменети за западната трибина, додека на Југ и Север сумата на еден билет чини од 150 до 200 денари, во зависност од седиштето.

ФФМ ги повикува сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на нашите Рисови да дојдат до вредни бодови против една од селекциите која цели на висок пласман во квалификациската група.

По шест меча, Македонија е на четвртото место во групата Г со осум освоени бода, исто толку има и Израел. Трети се Австријците со 10 бода, следува Словенија со 11 и на врвот е Полска со 13 бода.

Токму по дуелот со Словенците, Македонија три дена подоцна ќе гостува во Варшава, кај лидерот Полска.

 

- Оглас -

Најнови вести