Супербогат навивач на Манчестер јунајтед ќе го купи Челзи?

Премиерлигашот Челзи е на пат да добие нов сопственик, а фаворит за преземање на функцијата е 66-годишниот Џим Ретклиф, кој е најбогат Британец и навивач на Манчестер јунајтед. На навивачите на „сините“ не им се допаѓа ова, иако Ретклиф со години има сезонски билет за мечевите на Челзи на „Стемфорд бриџ“.

Рускиот тајкун Роман Абрамович во 2003 година го купи клубот за 160 милиони евра, а сега сака да го продаде дури за 3 милијарди. Иако оваа сума е превисока, Ретклиф би можел да го купи бидејќи има богатство од 24,5 милијарди евра, двојно повеќе од парите кои ги има Абрамович.

Потенцијалниот купувач на Челзи е роден во близина на Манчестер. Уште како дете го сакал Јунајтед, но долго време живее во Лондон и има сезонски билет за мечевите на Челзи. Тој би го реновирал стадионот и за таа цел би потрошил доста пари, за разлика од Абрамович, кој повеќе фрлаше пари за играчи за да освојува трофеи.

Сличноста на Ретклиф и Абрамович е и во поседувањнето луксузни јахти. Ретклиф има јахта која чини 130 милиони фунти, со шест големи кабини, базен на една од палубите, хелиодром на кој може да игра и тенис или баскет, џакузи, сауна, кино и клуб на плажа.

- Оглас -

Најнови вести