Бојан Кркиќ претставен во новиот клуб, без да се појави во живо

Шпанскиот фудбалер Бојан Кркиќ е претставен како нов играч на јапонскиот клуб Висел Кобе. Необичното е што Бојан воопшто не се појави во клупските простории на Висел, туку се обрати преку видео врска, а покрај екранот го имаше неговиот нов дрес.

„Имав понуди од Европа и од САД, но кога Висел изрази интерес за мене, сметав дека тоа е најдобра опција за мене. Се надевам дека ќе дадам многу голови“ – вели новата деветка на клубот за кој игра и Андрес Иниеста со кого беа заедно со Барселона, и тоа било еден од факторите да ја прифати понудата.

Кркиќ досега има играно во шест земји (Шпанија, Италија, Холандија, Англија, Германија и Канада), а првпат ќе се обиде во Азија.

- Оглас -

Најнови вести