Официјално: Ханси Флик го продолжи договорот со Барселона

Со победата над вечниот ривал Реал Мадрид на „Камп ноу“, Барселона и официјално ја одбрани титулата во шпанското првенство, и тоа на три кола до крајот. Германскиот тренер Ханси Флик е една од клучните алки за Барселона да ја одбрани титулата во Примера дивисион. Имаше дилеми дали Флик треба да добие нов договор со Барселона, но сега сите шпекулации се решени и Германецот останува на чело на шпанскиот првак.

„Се договоривме да го продолжам договорот уште на една сезона и ако се биде според планот, ќе останам тука до јуни 2028 година. На вистинското место сум, во вистинскиот клуб, таму каде што секогаш сум сакал да бидам. Благодарен сум ѝ на управата за дадената доверба. Верувам дека многу тренери би сакале да имаат повеќегодишен договор, но јас сметам дека вака е подобро. Да одиме година по година. Новиот договор е дополнителна мотивација за следната сезона да бидеме уште подобри. Знам дека сите сонуваме да ја освоиме Лигата на шампионите и можам да ветам дека во следната сезона ќе бидеме подобри“, рече Флик.

На три кола до крајот, Барселона има 91 бод, а иако титулата веќе е обезбедена, тренерот Флик најде мотив зошто екипата треба да игра максимално до последниот момент. „Сакаме да освоиме 100 бода на крајот“, рече Флик.

- Оглас -

Најнови вести