Серхио Рамос го купи клубот во којшто ја започна кариерата и ќе се обиде да го врати пак да биде при врвот во Шпанија

Серхио Рамос повторно се враќа да биде дел од шпанскиот фудбал, но не како играч, туку како газда. Според најавите од Шпанија, Рамос одлучи да го купи клубот каде што созреа како играч, а тоа е Севиља.

Компанијата „Фајв илевен капитал“, која е во сопственост на Рамос, склучила договор според кој за 450 милиони евра ја купува Севиља, односно 80 отсто од акциите на клубот.

Севиља веќе некое време се наоѓа во долниот дел од табелата, а сезонава уште нема обезбедено опстанок. По 35 кола, тимот од Андалузија е на 12-тото место на табелата со 40 бода, но тоа е само три бода повеќе од Алавес, кој е 18-ти и е во зоната за испаѓање.

Главна цел на Рамос е да се обиде да го врати клубот на позициите од пред десетина години, кога беше прв на врвот на табелата, а во Европа освои неколку трофеи во Лигата на Европа. Договорот за купување на Севиља е постигнат, а сè што останува е да биде заверен на нотар за да може и официјално Рамос да се врати во својот град каде што доживеа одлични фудбалски моменти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Soccer Forever (@soccerforever)

- Оглас -

Најнови вести